Детска недела 2022

Во рамките на одбележувањето на Детската недела во оваа учебна 2022/23 година, реализирани беа низа активности:

·  На 3 Октомври, на одделенскиот час во секоја паралелка од страна на ученици беа прочитани одредбите од Конвенцијата за правата на детето и истите покасно се закачени на видно место во ходниците на училиштето;

·  На 4 Октомври, првачињата ги презентираа своите ликовни способности, со креди во боја го украсија задниот двор цртајќи ги своите доживувања од првите училишни денови;



·  На 5 Октомври, од страна на наставниците по Физичко и здравствено образование, беа реализирани натпревари во кошарка за машки од VIII и IX одделение и фудсал за женски и машки од VI и VII одделение;




·  На 6 Октомври беше организирана и реализирана работилница со наслов „Запознај се со своите права, за да можеш да ги почитуваш правата на другите“, на која присуствуваа ученици од осмо и деветто одделение. Работилницата ја водеа ученичкиот правобранител Марија Пановска и замниците ученички правобранители Лука Недев и Кристина Шопова;

·  5 и 6 Октомври беа посветени и на хуманоста. На двата влеза во училиштето беше поставен Хуманитарен штанд на училишен прибор под мотото „Дарувањето ни го полни срцетово кој учество земаа сите ученици и вработени во училиштето. Донациите потоа завршија во рацете на децата на кои им беше најпотребно;


·  Во текот на неделата во училиштето беше распишан литературен и ликовен конкурс на тема „Другарството е дел од детската среќа во кое учество земаа сите ученици од нашето училиште. Наградените ученици во две категории (одделенска и предметна настава) добија диплома за своите трудови;



·  На 7 Октомври, постарите другарчиња со своите вештини за глума, игра и песна го направија незаборавен овој ден за најмалите - првачињата. Свечениот прием на првачињата беше проследен и од родители кои присуствуваа на оваа манифестација. Ветувањето беше прочитано од страна на координаторот на Детската организација - Лидија Ѓорѓиева. Настанот заврши со пригодни награди и слатки задоволства. 



No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.