МИМО другарувања!

Во рамки на активностите предвидени во програмата за меѓуетничка интеграција во образованието, денес 29.9.2022 година, ученици од централното ги посетија своите соученици од подрачното училиште „Св.Кирил и Методиј“ во село Црквино. Со пригодно читање и рецитал, го одбележавме денот на Бошњаците, а со ликовна работилница на тема „Другарство“, ја најавивме Детската недела која ни претстои. Убавото другарување продолжи со детски игри во училишниот двор, а најважно од се, со многу насмевки, детска смеа и нови пријателства.

Тимот наставници, членови на СИТ-от, продолжува со вакви едукативно забавни активности и во оваа учебна година.






No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.