ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ

Содржините од планот со активности продолжија да се интегрираат во наставата во ООУ„Св.Кирил и Методиј“. Учениците стекнуваат навики за собирање и сортирање на отпадот на ниво на одделенска заедница, тие се натпреваруваат помеѓу себе но истовремено стануваат свесни за придонесот во заштитата на животната средина



Учениците од екопатролите редовно ја следат и контролираат состојбата на отпадот во училиштето, тие ги опоменуваат учениците кои несовесно се однесуваат со отпадоците.Состојбата со отпадот ја следат и евидентираат во еко-дневник



Учениците на ниво на одделенска заедница изработуваат екопораки кои континуирано ги поставуваат на еко-дрво со цел да се развие свеста кај учениците уште од најмалите години за грижа и заштита на животната средина.



Наставниците ги реализираат планираните часови во кои ги интегрираат еколошките содржини, тие изработуваат трудови од употребена стара хартија, пластика и рециклирана хартија преку кои ја истакнуваат повторната употреба на отпадот и значењето во природата.
Учениците преку работилници стекнуваат навики за рециклирање на старата хартија и нејзина повторна употреба.



Учениците од секцијата по информатика изработија налепници со предупредувачки пораки за штедење на енергија, вода и ги поставија на соодветните места во училиштето. Тие ги интегрираа содржините така што изработуваа еко-пораки, екофлаери и плакати на своите компјутери како и презентации со еколошки содржини.





Едукацијата на учениците и родителите се реализиаше од страна на учениците од еколошката секција кои подготвија предавање на тема „Ајде да селектираме и рециклираме“ Секој понеделник преку разглас се читаат еко содржини и предавања по повод одбележување на денови од еко календар





Работилниците за рециклирање на хартија и изработка на трудови од хартија и пластика продолжија на ниво на секции, учениците изработија прекрасни креации со помош на родителите кои беа вклучени и дел од нив се изложија во еколошкото катче. Останатите трудови ќе бидат изложенина продажната изложба која ќе се реализира за велигденските празници.





No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.