Меѓународен литературен фестивал „Рашин шешир" Мокрине, Р.Србија

За литературни награди и успеси учебната година се уште трае! На Меѓународниот фестивал „Рашин шешир" ученичката Ведрана Тодоровска од 6б одд. под менторство на наставничката Анита Мирчева, доби пофалница и обезбеди учество на фестивалот во Мокрине, Р.Србија. Успех и во Мокрине, Ведрана!

„46.Детски лирски треперања" Охрид

На Државната литературна манифестација, која по 46 пат се одржа во Охрид, ученичката Ведрана Тодоровска од 6б одд. ппд менторство на наставничката Анита Мирчева, освои прва награда и доби викенд во Охрид. Манифестацијата беше збогатена со присуството на најплодниот и најчитаниот писател за деца и млади, Горјан Петревски, кој беше претседател на жирито. 
Честитки Ведрана за сиот вложен труд и постигнат успех во оваа учебна година.



„Оти без јазик си никој и ништо!"

На Државниот натпревар по Македонски јазик ученичката Бојана Богдановска од 7а одд. освои трета награда, а ученичката Ивана Брашнаров од 7б одд. доби пофалница под менторство на наставничката Анита Мирчева.


Републички натпревар по физика

На 48. Републички натпревар по физика, одржан на 7 јуни 2025 година, ученичката Ана Митровска од 9б одделение освои втора награда, под менторство на наставничката по физика Христина Цилакова. Со овој успех Ана се пласираше на Селекциониот натпревар за учество на 22. Меѓународна олимпијада по Природни науки.

Многу успех во иднина Ана.




Пласман на Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада!

При крај на јуни,  Македонија е домаќин на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада ЈБМО 2025.

Со гордост и задоволство ве информираме дека нашата ученичка Ана Митровска покрај постигнатиот успех на национално ниво со освојувањето сребрен медал на Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО), успеа да се пласира во тимот кој ќе ја претставува Македонија на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада 2025 (ЈБМО).

Овој успех е резултат на нејзината посветеност и љубов кон математиката како и големата поддршка од менторот Вера Цветкова.

Честитки и посакуваме успех и среќа на ЈБМО 2025!