ГОСТУВАЊЕ ВО ТВ ТЕЛМА

На 9 ноември 2012 нашето училиште беше покането да гостува во ТВ ТЕЛМА во детската емисија 5 ПЛУС. Учениците Сања Мирчева и Бојан Страчковски заедно со наставничката Снежана Каракачанова на најдобар начин го претставија нашето училиште. Ги презентираа активностите кои се одвиваат во нашето училиште, поточно ги претставија активностите од реализацијата на ЕКО ПРОЕКТОТ затоа што оваа емисија има еко карактер со тоа што преку интересни игри, помладите гледачи се едуцираат како да ја заштитат животната средина, Со тоа надеваме дека со нашето гостување помогнавме во едукацијата на идните генерации за заштита на животната средина.






No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.