ВТОР ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТАТА НА ЕКО - ОДБОРОТ

Во текот на ноември и декември нашто училиште активно работеше во спроведувањето и реализирањето на активностите во рамките на проектот „ Еко – училиште “.
Акцијата за собирање на стара хартија и ПЕТ пластична амбалажа активно беше реализирана и во овој период и истата продолжува и во иднина.
Еко – патролите успешно ја извршуваат својата работа и редовно ја контролираат потрошувачката на електрична енергија во училиштето. Се контролира работата на компјутерите и доколку тие непотребно се вклучени,челновите на еко-паролата ги исклучуваат.Еко-патролите ја контролираат и работата на светилките и сите електрични уреди во училиштето.
Изработивме брошури со пораки за штедење на електричната енергија и флаери кои беа поделени меѓу учениците и вработените во училиштето,а истите ги добија и одговорните од ОХО проектот на денот на промоцијата на Зеленото знаме.






Организиравме отворен еко – ден за идеи на кој учениците, наставниците и родителите оставаа свои пораки – идеи за штедење на електричната енергија.Од страна на учениците добивме интересни идеи за тоа како да ја заштедиме електричната енергија:
- Инсталирање на виртуелни компјутери
- Искористување на термалната енергија
- Употреба на енергетско ефикасни пригушници
- Исклучување на апаратите од штекерите кога не се користат и др.
По повод добивањето на Зеленото знаме кое свечено ни беше доделено на Еко – самитот на кој учествуваше и нашето училиште, организиравме свечена програма на која го промовиравме знамето. За таа цел членовите на драмската секција подготвија драматизација на тема „ За здрава средина се ќе строиме, за иднината ќе се бориме “, а хорот сними еко - песна .
Серизноста и важноста на проектот ја потврди посетата на претставниците од Министерството за образование и наука,Претседателот на Советот на Општина Велес, претставниците од Локалната самоуправа, претставници од НО, Еколошките друштва,Зелената коалиција, локалните медиуми ТВ Канал 21,ТВ Здравкин, 5ФМ Радио и многу родители чии деца се најзаслужни за добивањето на Зеленото знаме.
Добивањето на Зеленото знаме го привлече вниманието на јавноста и истата повеќе е информирана преку нашите гостувања во утринската програма на 5 ФМ Радио и во утринската програма „Велес наутро“ која се емитува на локалната ТВ Канал 21.Во утринската програма на ТВ Канал 21 гостуваа директорката на училиштето Анита Мирчева и ученикот Бојан Страчковски.Тие ги промовираа сите активности на училиштето во рамките на еко-проектот.
Во текот на месец декември за учениците беа организирани неколку едукативни трибина за штедењето на електричната енергија. Обуките беа реализирани од страна на г. Игор Смилев,Претседател на Зелената коалиција.
За едукација на младите генерации беше одржана од страна на наш поранешен ученик Ѓ.Наков презентација во одделенска настава за заштита на животната средина од е-отпад .
На часот по Техничко образование од страна на одговорниот наставник Соња Ристова заедно со група ученици беше изработен проект на тема „ Рационално користење на електричната енергија во земјоделството“. Овој проект предизвика голема заинтересираност и ја разбуди љубопитноста кај голем дел од учениците кои активно се вклучија.
Активностите на Еко – одборот продолжуваат со истиот интензитет и во второто полугодие.



No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.