ЈА НЕГУВАМЕ ТРАДИЦИЈАТА НИЗ ПРЕГРАТКИТЕ НА РАЦИНОВАТА ПЕСНА


Нашето училиште и нашите ученици и оваа година беа дел од 45- те Детски Рацинови средби кои традиционално, во чест на големиот и неповторлив Рацин секоја година се одржуваат во нашиот град.
Ние бевме дел од сите активности – од отворањето на средбите до испраќањето на гостите. И на овие средби се покажавме како одлични домаќини на нашите нови пријатели. Со задоволство другарувавме со нашите омилени пшисатели: Горјан Петрески, Стојан Тарапуза, Киро Донев и др. На поетскиот караван се запознавме со писателите Христо Петрески и Марина Стојанова, а секако не изостанаа и наградите затоа што ние сме рацинови наследници.
Ученичката Сања Мирчева од 8-б одделение под менторство на наставничката по македонски јазик Десанка Николова го освои вторто место за песната „Тука е Македонија“, а ученикот Стефан Александарски од 8-в одделение под менторство на наставникот Илчо Стојановски во грнчарската работилница ја освои третата награда.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.