Посета од Министерот за образование и наука Спиро Ристовски

На 14.02.2014 год. нашето училиште "Св. Кирил и Методиј" Велес беше посетено од страна на Министерот за образование и наука Спиро Ристовски придружуван од страна на Градоначалникот на Оштина Велес, Славчо Чадиев. Тие од страна на Директорката Анита Мирчева беа запознати со активностите во нашето училиште, постигнатите успеси, награди и признанија како и со текот на реконструкцијата на нашето училиште кое во моментов се одвива.



Работен ден како дел од проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“

Како дел од проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“ во нашето училиште се реализираше работен ден од страна на наставничките Сузана  Павловска, Елена Тодевска и Џева Мухаремовиќ. Во рамките на овој работен ден учениците имаа можност да се запознаат со традицијата и обичаите не само на нашиот народ туку и на останатите народности во нашата држава. Меѓу другото на учениците им беа презентирани традиционални носии, начин на прославување на празници, традиционални јадења и др. 





„Меѓуетничка интеграција во образованието“

Тим од неколку наставници од нашето училиште беше дел од обуката за „Меѓуетничка интеграција во образованието“  која се одржа во ООУ„Блаже Конески“ во Велес. Овие неколку наставници  понатаму како тим ја презентираа обуката помеѓу останатите вработени во нашето учулиште, кои со внимание ја проследија истата.