"Подари книга, подари знаење"

На 26.03.2014г. во нашето училиште "Св. Кирил и Методиј" Велес свечено беше отворена реновираната училишна библиотека. По тој повод беше одржано литературно читање на кое присуствуваа писателите Македонка Јанчевска и Игор Крајчев кои на наше задоволство не почестија со свои поетски творби и донираа книги за библиотеката. Учениците од литературната секција се претставија со свои лични творби за кои во текот на оваа учебна година добија меѓународни награди за учество на повеќе конкурси. Истовремено се одвиваше и хуманитарната акција "Подари книга, подари знаење" на која учествуваа повеќе ученици и кои донираа свои книги. Исто така во акцијата учествуваше и нашата директорка Анита Мирчева која подари значаен фонд на книги.

Новата училишна библиотека ќе биде топло катче во кое нашите ученици ќе го поминуваат своето слободно време, ќе се дружат, ќе читаат, но пред се ќе ги творат своите прекрасни литературни творби!






No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.