Отворен ден на училиштето

На 06.05.2014 год. во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ - Велес се одржа Отворен ден на училиштето. Сите заинтересирани граѓани можеа да ги посетат училишните простории и кабинети, да го видат начинот на изведување на наставата по сите предмети, да се запознаат со нашиот дневен престој, да ја посетат училишната библиотека, да се запознаат со спортските активности во училишната спортска сала итн. Во рамките на овој отворен ден, на наше задоволство, не посетија и нашите другарчиња од градинката „Димче Мирчев“. Дел од овие дечиња учествуваа во „Игри без граници“ кои ги организираа наставниците од нашето училиште, се забавуваа и на крај сите победија, а останатиот дел учествуваа во креативните работилници кои ги организираа наставничките/ците од оделенска настава. Им благодариме на сите што одвоија време и на овој ден го посетија нашето училиште, ни беше задоволство да се дружиме и заедно да се забавуваме!




No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.