Општински натпревари во ракомет

Во основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ - Велес се одржаа општинските натпревари во ракомет (женски) во организаторство на наставниците Љубиша Стојков и Снежана Каракачанова.
На натпреварувањето земаа учество екипи на следните училишта: ООУ„Св.Кирил и Методиј“,ООУ„Васил Главинов“, ООУ„Блаже Конески“, ООУ„Благој Кирков“ и ООУ„Ј.Х.К - Џинот“.
Натпреварите започнаа на ден 16.3.2015 година, а завршија на ден 24.3.2015 год.

Резултати од натпреварувањето:
Прво место: ООУ„Васил Главинов“
Второ место: ООУ„Благој Кирков“

Трето место: ООУ„Св.Кирил и Методиј“





Доаѓање на пролетта и ден на екологија

Во пресрет на доаѓањето на пролетта и денот на екологијата, во нашето училиште се одржаа повеќе еколошки активности - собирање и селектирање на пластична амбалажа, чистње и уредување на училишните простории и дворот, вишење на летала со еко пораки и учество на еко хепенинг организиран од страна на општина Велес.
Учениците ги закачија своите еко пораки за здрава и чиста средина на еко дрвцето во младинскиот парк.




Прочка

По повод големиот христијански празник Прочка, во нашето училиште беше организирана пригодна програма и „Баклавијада“ на која учествуваа учениците од I до IX одделение. Програмата беше составена од драматизација на тема „Прочка“ и дефиле на прочкарски маски.





Ски-школа во „Крушево“

Во периодот од 6 - 8.2.2015г. ООУ„Св. Кирил и Методиј“ Велес организираше Ски - школа во Крушево. Со голема радост и задоволство ја посетија голем број на ученици од I до IX одделение.