„Млади библиотекари"

На шеснаесетиот по ред Општински натпревар „Млади библиотекари" ООУ„Св.Кирил и Методиј"  го претставуваа ученичките Наталија Ристовска и Марина Стојанова од VIII одд. Ученичката Наталија Ристовска, под менторство на наставничката Менче Андреева го освои III-то место!




Еднодневен научен излет за учениците од VI до IX одд.

За учениците од VI IX одд. од нашето училиште, беше организиран еднодневен научен излет. Излетот беше изведен со посета на Археолошки музеј и Музеј на македонската борба за државност и самостојност. Со посета на овие два музеја учениците можеа да ги поврзат информациите кои ги добија и експонатите кои ги видоа со своите учени знаења од предметот историја, географија, македонски јазик, биологија, природни науки и сл. 





„Детска недела“

По повод „Детската недела“ во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ беше организиран свечен прием на првачињата во Детската организација. Првачињата свечено ветија дека ќе ги почитуваат наставниците, дека ќе учат и ќе ги решаваат сите задачи и дека ќе се дружат со другарчињата.Секое прваче доби свој детски пасош од Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија. 







ЕДНИ ОД ОСУМТЕ НАЈДОБРИ

СПОРЕД ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ „ООУ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” Е ЕДНО ОД ОСУМТЕ НАЈДОБРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
OOУ „Св. Кирил и Методиј” Велес е оценето со највисока оцена од страна на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) при Министерството за образование и наука, кој веќе седум години го оценува квалитетот на училиштата во Македонија, при што највисока оцена е „многу добар“.
Тоа се прави преку интегралната евалуација, а оценката на секое училиште се дава со темелна проверка на седум подрачја, и тоа: наставни планови и програми, постигнувањата на учениците, учење и настава, поддршка на учениците, училишна клима, ресурси и управување, како и раководењето со училиштето.
Во текот на учебната 2014/15 од страна на Државен просветен инспекторат (ДПИ) извршена е 161 интегрална евалуација, а притоа оценети со највисока оцена се училиштата: „Љубен Лапе“ во Аеродром, „Гоце Делчев“ во Прилеп, „Браќа Миладиновци“ во село Миладиновци, „Наум Охридски” во село Булачани, Гази Баба, потоа „Кирил и Методиј“ во Велес, „Методи Патче“ во Охрид, „Ристо Јурков“ во Кочани како и училиштето „Партенија Зографски” во Скопје.
Како силни страни на оценетите училишта се наведуваат: зголемена примена на ИКТ во наставата, како резултат на проектот „Компјутер за секое дете“, потоа зголемен број на ученици кои учествуваат на натпревари организирани од акредитирани здруженија, а зголемена е и реализацијата на часови по физичко воспитување, што според инспекторите, е одраз на изградбата на спортски сали и опремувањето со спортски реквизити.


Еднодневен научен излет за учениците од I до Vодд.

За учениците од одделенска настава се реализираше еднодневен научен излет во Скопје. Тие ги посетија старата Скопска чаршија, културно историските споменици, гробот на Гоце Делчев во црквата Света Софија и ја проследија проекцијата на 3Д филмот „Смотанко и Трапавко".






Македонија без отпад 2015

Учениците од  ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Велес активно се вклучија во акцијата „Македонија без отпад 2015“, реализирајќи акција за чистење на  отпадот во дворотсобирање на пластичната амбалажа и уредување на зелените површини и холот во училиштето. Акцијата е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“, а како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.