Еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието“

Ученици од пет основни училишта од Неготино, Велес, Ресен, Дебар и Скопје, придружувани од нивните наставници, учествуваа на еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието”, кој неодамна се одржа во Едукативниот центар на Парламентарниот институт. Нашето училиште „Св. Кирил и Методиј“ беше единственото училиште од нашиот град кое учествуваше на овој семинар.
Учениците прво имаа можност преку организирана обиколка да го разгледаат свечениот дел на Собранието, а потоа, низ видео проекции, работилници и интерактивни презентации ги утврдија и проширија своите знаења за демократијата, парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија.
На присутните ученици и наставници им беше доделен сертфикат за учество на семинарот, од страна на раководителот на Парламентарниот институт, м-р Златко Атанасов.




No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.