Светските денови на акција 2017

Во периодот од 6.11.2017 до 11.11.2017 год ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес со неколку активности се вклучи во одбележувањето на Светските денови на акција 2017 на еко-училишта и градинки.
Програмата еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет.
Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по шести пат, ги организира Светските денови на акција на меѓународно ниво за сите училишта и градинки кои ја спроведуваат оваа програма.
Учениците од нашето училиште во рамките на овие Светски денови на акција ги имаа следните активности:
собирна акција на стара хартија и пластични шишиња. Учениците секој ден во определено време ја носеа хартијата и шишињата на собирниот пункт во училиштето.Се организираше собирна акција на електричен отпад и стари батерии.Учениците од одделенска настава засадуваа цвеќиња во училишниот двор и изработуваа еко беџови, цртежи и хамери со еко пораки за заштита на животната средина.Учениците од 6-9 одд го уредуваа училишниот двор и ходниците во училиштето.

 






No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.