Театарска претстава „Убавицата и ѕверот”

На литературниот конкурс распишан од СОУ„Јовче ТесличковВелес, по повод Февруари - месецот на љубовта, земаа учество нашите деветтоодделенци кои твореа на тема „Убавината низ очите на љубовта”. Со награда се стекнаа учениците: Ивана Настовска (творба напишана на англиски јазик) - прва награда, под менторство на Павлина Харалампиева и Бојан Димовски (творба напишана на француски јазик) - втора награда, под менторство на Марија Мешкова.
На доделувањето на дипломите, ученици од нашето училиште, ја проследија, на англиски јазик, театарската претстава „Убавицата и ѕверот подготвена од учениците при СОУ„Јовче Тесличков”.

Честитки за наградените и многу успеси во иднина!





Проект „Со читање до лидерство”

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор - Македонија, во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство”, на ден 24.2.2018год., во нашето училиште одржа еднодневна обука, со времетраење од шест часа, за креирање средина за учење „Нашата училница - нашиот свет”.

За време на обуката, одделенските наставници се запознаа со принципите за креирање средина за учење во која секое дете ќе биде поттикнато и мотивирано за учење, споделија идеи за создавање стимулативна средина за учење и активно учествуваа во преуредување на една училница во училиштето.

Општински натпревар по хемија

На ден 24.2.2018 година, во просториите на нашето училиште се одржа општинскиот натпревар по хемија за основно и средно образование. Учество земаа ученици од осмо и деветто одделение, како и ученици од втора и трета година средно образование.

На сите ученици им посакуваме среќа и понатамошен пласман!





Општински натпревар по математика

На ден 24.2.2018 год. во просториите на ООУБлаже Конески" се одржа општинскиот натпревар по математика на кој учество земаа ученици од нашето училиште и ги постигнаа следните резултати:

Бојан Димовски IX
- прва награда со 100 поени
Матеј Стојанов VI
- прва награда со 100 поени
Марија Кочова VII
- втора награда
Стефан Атанасовски IX
- трета награда
Ивана Марковска VI
- трета награда
Христијан Гајдов VIII
- трета награда
Исабела Мицева VII
- пофалница
Анастасија Ѓошева VI
- пофалница

Од учениците од одделенска се постигнаа следните резултати:
Андреј Теов IV
- пофалница
Константин Коцев V
- пофалница
Матеја Атанасовска V
- пофалница
Елена Атанасовска V
- трета награда.


Честитки за сите ученици и успех на регионалниот натпревар.
Браво деца, браво математичари, се гордееме со вас!

Учество на литературна и ликовна работилница

По повод Денот на училиштето ООУ„Рајко ЖинзифовОризари, Велес, на ден 15.2.2018 год., нашите ученици учествуваа на литературна и ликовна работилница на тема „Им даруваме љубов на децата со јазикот на пријателството”.  На ликовната работилница учествуваа учениците: Бојан Стојанов, Викторија Панзова и  Ива Манева, под менторство на наставниците од одделенска настава, а на литературната работилница учествуваа учениците: Виктор Гаџов, Сара Андреева и Бојана Воденичарова, под менторство на наставниците по македонски јазик. Учениците на овие работилници ги покажаа своите таленти за цртање и пишување, се стекнаа со нови искуства и нови пријателства!






Училишен натпревар по математика

На ден 5.02 2018 год. во просториите на нашето училиште се одржа училишен натпревар по математика за учениците од шесто и седмо одделение. На истиот се постигнаа следните резултати:

Од шесто одделение:
Матеј Стојанов - прва награда
Симона Атанаскова - втора награда
Анастасија Ѓошева - втора награда
Бојан Стојанов - трета награда
Ивана Марковска - трета награда
Фросина Спирова - трета награда
Филип Настов - трета награда
Пофалени се учениците: Филип Збутаков, Саше Манасков, Тодор Недев, Кристијан Стефанов, Борис Павлов, Мирче Дамјановски.

Од седмо одделение:
Марија Кочова - прва награда
Виктор Илиев - втора награда
Бојана Воденичарова - трета награда
Исабела Мицева - пофалница

Честитки за сите ученици и многу успех на оние кои ќе го продолжат натпреварувањето на општинскиот натпревар!

Обука за примена на списанијата во наставата

Во просториите на Филозофскиот факултет - Скопје, на 29 и 30 јануари 2018 год. беше одржана обука од страна на Издавачката куќа „Просветно делои Филозофскиот факултет - Скопје, за примена на детските списанија „Росица”, „Развигор”, „Другарчеи „Наш светво воспитно-образовниот процес.
На оваа обука, присуствуваа стручната служба, одделенските наставници и наставниците по македонски јазик и англиски јазик од нашето училиште и истите се стекнаа со знаења како полесно и како на поинтересен начин да ги употребуваат детските списанија во наставата.