Хорски и оркестарски смотри


На ден 27.4.2018 во училиштето „Блаже КонескиВелес беа одржани хорски и оркестарски смотри на кои учествуваа и нашите ученици, под менторство на наставникот по музичко образование, Далибор Ацевски. Во двете категории, учениците се закитија со награди: училишниот оркестар - прва награда, а училишниот хор - втора награда!
Честитки до учениците и нивниот ментор!




Меморијален марш


Во чест на нашиот Тоше, на 21 и 22 април 2018 година, во с.Ореше, беше одржан Вториот меморијал марш „Тодор Димов - Вицот”.                                                    
Слава му!






Мрежно поврзување


Преку програмата „Со читање до лидерство”, на ден 20.4.2018 година, во нашето училиште се одржа мрежно поврзување со училиштата „Никола КаревРадовиш, „Стојан Бурчевски-Буриданс.Иванковци и нашето училиште. На ова поврзување наставниците следеа презентација во која беа прикажани лични искуства од една наставничка, како се станува подобар наставник, а потоа секој присутен наставник, преку свој супер херој ги презентираше своите лични карактеристики како просветен работник. Наставниците беа поделени во групи, им беше доделен проблем од воспитно-образовниот процес и се разговараше како тој проблем би се решил и повторно следеше презентација за решението на проблемите. Посакуваме уште многу вакви средби на кои би научиле многу повеќе од разни искуства!






Државен натпревар по народна техника


По успешното претставување на регионалниот натпревар по народна техника, ученичката Матеа Несторова, под менторство на наставничката по хемија Емилија Темелковска, на државниот натпревар кој се одржа на ден 15.4.2018 година, во ООУ„Блаже КонескиВелес, во областа на применета хемија, повторно успешно се претстави и се закити со бронзен медал!
Честитки за ученичката и за нејзиниот ментор!




Програма за антикорупција


Во рамките на Програмата за антикорупција која се одвива во нашето училиште, беше распишан ликовен конкурс (сите техники) и литературен конкурс (проза и поезија), како и конкурс за изработка на видео на тема „Не лажи, не кради”, каде можеше да учествуваат сите ученици, во соодветна категорија. 
По разгледаните творби, на пригодна програма која се одржа на ден 14.4.2018 година, беа прочитани литературните творби, разгледани ликовните творби, како и видео записот и им беа доделени пофалници на учесниците.
Честитки за сите учесници во конкурсот!







Велигденска работилница

По повод Велигденските празници, трационално во нашето училиште на ден 4.4.2018 год. се одржа прекрасна велигденска работилница каде учениците цртаа, боеја, лепеа со украсна хартија. Вредните раце на учениците од одделенска настава заедно со своите наставници и учениците од предметна настава, заедно со наставникот по ликовно образование,  ја покажаа својата креативност, својата иновативност и желба за украсување на велигденски јајца.




Регионален натпревар по математика


Во ООУБлаже Конески" Велес, на ден 31.3.2018 година се одржа регионалниот натпревар по математика на кој нашите ученици ги постигнаа следните резултати:
Бојан Димовски IX - прва награда 100 поени
Матеј Стојанов VI - прва награда 100 поени
Марија Кочова VII - трета награда
Константин Коцев V - трета награда
Матеја Атанасовска V - пофалница
Елена Атанасова V - пофалница
Честитки за сите учесници и нивните ментори и уште поголем успех на државниот натпревар!