Литературен и ликовен конкурс


Нашите ученици континуирано учествуваат на многу литературни и ликовни конкурси, на општинско, државно и меѓународно ниво и освојуваат многубројни награди.  
На литературниот и ликовниот  конкурс  по повод 28 Септември-Меѓународниот ден на Бошњаците, распишан од страна на ООУ „Рајко Жинзифов“ Оризари, Велес, учениците твореа на тема „Мостови и пријателството“.  Беа наградени следниве ученици: Јована Петрушевска и Здравко Зафиров на ликовниот конкурс, под менторство на наставничката Костадинка Мечевска Стојановска, а на литературниот Матеја Андреева, ментор Снежана Бошевска и Марија Бошевска, ментор Маја Јовановска.
Честитки за сите и да се множат наградите!        




                                         



Избери го вистинскиот спорт


Нашите ученици, на ден 25.9.2018 година, имаа можност да учествуваат во многу спортски активности и да бидат дел од заедничкиот проект на Агенцијата за млади и спорт, Факултетот за спорт и здравје и Сојузот на спортски федерации. Овој проект „Избери го вистинскиот спорт“ се одвиваше и во нашето училиште „Св. Кирил и МетодијВелес, а кај учениците предизвика голема радост и вистинско задоволство.
Браво спортисти - „Во здраво тело - здрав дух“.





ПАКОМАК во нашето училиште


На ден 25.9.2018 година, во нашето училиште гостуваше Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, Пакомак со магионичарска претстава „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, со познатиот магионичар Кристијан Шопов. Со овој проект, преку забавна магионичарска претстава и многу интересни трикови, учениците научија за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина.





Биди и ти дел од светскиот ден на чистењето


По повод одбележувањето на Светскиот ден на чистењето, на 15. 9. 2018 година, од страна на Општина Велес беше организирана еко-акција во која активно учествуваа и нашите ученици, заедно со нивните наставници. Во склоп на акцијата, беа исчистени предниот и задниот двор на училиштето, сите зелени површини, а беше собран и одпадот во блиската околина. Оваа акција придонесе кај учениците да се развива еколошката свест за почиста околина и поздраво место за живеење.
Браво екологисти!