Литературен конкурс - ССОУ „Коле Неделковски“ Велес

Нашите ученици континуирано учествуваат на многу литературни конкурси, на општинско, државно и меѓународно ниво и освојуваат многубројни награди.  
Во низата активности кои беа реализирани од страна на ССОУ„Коле Неделковски“ Велес, по повод Денот на училиштето, беше распишан и литературен конкурс, на тема „Есенските лисја на мојот прозорец“, на кој учествуваа и голем број наши ученици, кои твореа проза и поезија, во повеќе категории.  Беа наградени следниве ученици:
Марија Анастасова - II одд., трета награда, ментор Марјанчо Филипов;   
Марко Јовановски - IV одд, втора награда, ментор Сузана Павловска;
Лидија Костова - IV одд, трета награда, ментор Сузана Павловска;
Маја Ончева - V одд., прва награда, ментор Снежана Бошевска; 
Катерина Мицева V одд., трета награда, ментор Снежана Бошевска; 
Ива Ракиџиева - VI одд., прва награда, ментор Маја Јовановска;
Марија Бошевска - VI одд., прва награда, ментор Маја Јовановска;
Марио Ангелевски - VI одд., втора награда, ментор Маја Јовановска;
Симона Пасламушкова - VII одд., прва награда, ментор Маја Јовановска;
Анастасија Ѓошева - VII одд., прва награда, ментор Маја Јовановска. 
На доделувањето на дипломите, кое се одржа на 18.12.2018 година во просториите на училиштето, беа наградени и учениците Марија Коцевска и Кристијан Гајдов од IX одд., за успешно учество во играта „Не лути се човече“, под менторство на наставничката Вера Цветкова.                                                    
Честитки за сите и да се множат наградите!       


                                          

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.