„Ајде сите да подадеме рака, секој секого да почитува и сака“

Под мотото Ајде сите да подадеме рака, секој секого да почитува и сака“ а во рамките на МИМО проектот, во ООУ "Св.Кирил и Методиј" Велес како и во подрачното училиште во с.Црквино беше реализирана ликовна и литературна креативна работилница на која учениците твореа литературни творби и пишуваа пораки, изработуваа новогодишни украси и честитки со графичка техника линорез. Исто така во рамките на истиот проект беше организиран квиз со МИМО содржини кои се однесуваа на мултиетничките општества во светот и соживотот на луѓето со различна етничка припадност. Квизот го подготвија и реализираа наставниците по англиски јазик.









No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.