Детска емисија „Ѕвон“


На ден 11.3.2019 год., учениците од нашето училиште успешно се претставија во популарната едукативно забавна емисија „Ѕвон“, која се емитува на Македонската телевизија. Учениците од нашето училиште, се претставија во полн сјај и на најдобар можен начин ги покажаа своите знаења, умеења, вештини, таленти, постигнувања и успеси кои ги постигнуваат заедно со своите наставници.
На преполната сцена, украсена со оригинални детски изработки, ракотворби, дипломи и признанија, за почеток учениците членови на училишниот оркестар прекрасно ја изведоа химната на градот Велес, воведувајќи не во телевизиската приказна наречена ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес на Ѕвон, за потоа, да ја проследиме личната карта на училиштето како и интересни, креативни, оригинални работилници со нашите ученици. Беа изведени експерименти, математички вештини, честитки, се ткаеше на разбој, се резбаше, се твореше... Гордо го претставивме проектот по информатика, се пофаливме со бројните дипломи и медали, бевме одлични соговорници на водителите на различни теми. На сцената блеснаа малите актери, одлично костимирани, слободно, јасно, чисто, детски, како и што завршивме, со весела, разиграна ритмичка кореографија на песна на наша ученичка.
Горди сме на нашите ученици, уште еднаш покажавме дека заедно можеме многу!





No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.