МИМО проект

На ден 26.4.2019 година, а во склоп на МИМО проектот во училиштето, ученици од четврто и петто одделение, заедно со одговорните наставници Снежана Бошевска и Сузана Павловска имаа можност да посетат спомен куќи и црква во нашиот град. Тие ги посетија Спомен куќата на Васил Главинов и на Ј.Х.К. Џинот, просториите каде го поминувале својот живот и црквата Св. Пантелејмон, и се запознаа со нашата долговековна црковна традиција.





Игри без граници

На ден 25.4.2019 година во нашето училиште, во спортската сала, се одржа настан под мотото „Игри без граници“, каде учествуваа учениците од прво одделение и децата од објектите 1, 5 и 6 при ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес. На овој настан се реализираа неколку спортски игри и познатите „Бабини игри“, како и креативна работилница во која се изработуваа велигденски украси. Децата имаа можност да спортуваат, да креираат, да се дружат и да уживаат!  






Хорски и оркестарски смотри

Во просториите на училиштето „Блаже Конески“ Велес, на ден 23.4.2019 година, се одржаа регионалните хорски и оркестарски смотри, каде учествуваа и нашите музичари под менторство на наставникот Далибор Ацевски. На овие смотри, оркестарот го освои првото место, а хорот третото место.
Им честитаме на нашите музичари!




Фер игра во спортот

На 18.4.2019 год. во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес се одржа работилница со наслов "Фер игра во спортот". На работилницата присуствуваа четириесет ученици кои спортуваат во училишните клубови. На работилницата се зборуваше за фер игра, почитување на правилата, судиите и противничките играчи, победата и поразот во спортот и друго. Работилницата ја реализираа наставниците по физичко и здравствено образование и училишниот психолог.






Регионален натпревар по англиски јазик

На ден 13.4.2019 година, во просториите на ООУ „Васил Главинов“ Велес, се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик каде учествуваа и нашите ученички Викторија Панзова и Марија Кочова. Ученичката Викторија Панзова се натпреваруваше во категогија за шесто одделение, под менторство на наставничката Павлина Харалампиева и освои прво место, а ученичката Марија Кочова во категорија за осмо одделение, под менторство на наставничката Ирена Андреева и истотака освои прво место. Двете ученички ќе го претставуваат нашето училиште на државниот натпревар и им посакуваме многу успех!



Регионален натпревар по математика

По успешното претставување на општинскиот натпревар по математика, на ден 13.4.2019 година, во просториите на ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ Велес, нашите ученици учествуваа на регионалниот натпревар. Тие ги постигнаа следниве резултати:
- втора награда: Христијан Гајдов IX одд. и Константин Коцев VI одд.;
- трета награда: Елена Атанасова VI одд., Елена Коцева VI одд., Матеј Стојанов VII одд., и Христијан Арсов IV одд. (се натпреварува за VI одд.);
- пофалница: Ивана Марковска VII  одд. и Анастасија Ѓошева VII одд.
Честитки за сите ученици и за нивните ментори, наставниците Мелита Неделчева и Вера Цветкова.

Заедно играме и спортуваме

На ден 10.4.2019 година, ученици од осмо и деветто одделение од нашето училиште и членови на Едукативно-социјалниот инклузивен клуб на лица со хендикеп од Велес, беа учесници на настанот „Заедно спортуваме и се почитуваме“ и ја играа познатата игра бочија. Организатори на овој настан беа психологот на нашето училиште Соња Ристовска и наставничката Родне Петрушева.





Доделување на дипломи и пофалници од училишни конкурси

Во нашето училиште беа распишани литературни и ликовни конкурси, во рамките на Програмата за антикорупција и Денови на екологијата. На првиот конкурс, учениците имаа можност да ја изразат својата креативност со литературни творби, ликовни творби во разни техники и во подготовка на стрип, на тема „Корупција е кога сам си ја сечеш гранката на која седиш“. На вториот конкурс, учениците пишуваа и цртаа творби на тема „Засади дрво, засади цвет, за поубав свет“ и во нивните творби ја покажаа еколошката свест за почиста и поздрава средина.           
На ден 10.4.2019 година, на пригодна манифестација во нашето училиште, со музичка точка, драматизација за корупција, читање на личните творби и изложба со ликовните творби и изработените стрипови, им беа доделени дипломите и пофалниците на најуспешните ученици!




Државен натпревар на млади техничари и природници

На ден 6.4.2019 година, во Македонска каменица се одржа 56 Државен натпревар на млади техничари и природници, каде успешно се претставија и нашите ученици Ангела Петрушева и Матеј Стојанов. Ученичката Ангела Петрушева се натпреваруваше во областа Комјутерска техника, под менторство на наставничката Родне Петрушева и освои трето место, а ученикот Матеј Стојанов во областа Применета математика, под менторство на наставничката Вера Цвреткова и освои второ место.

Честитки за учениците и за нивните ментори!



Априлијада 2019

По повод Денот на шегата, 1 Април, а во организација на Општина Велес, во Младинскиот парк се одржа настан на кој учествуваа учениците од детската градинка и учениците од основните училишта од нашиот град. На овој настан учествуваа и нашите ученици од одделенска настава, заедно со одговорните наставници, кои успешно се претставија со голем број на интересни маски, како и со музичка точка.