На
20.9.2023 година бевме поканети да учествуваме на настан за одбележување на европската
недела на мобилност во Европската куќа во Велес. На настанот збор зедоа
организаторите на европската недела на мобилност, Претседателот на Здружението
на лица со церебрална парализа и други попречености, како и гости од другите
училишта и институции во градот. Дискусиите одеа во правец на подобрување на
пристапноста на улиците, институциите, рекреативните патеки, игралишта и
спортски сали, со цел да се овозможи подобар квалитет на лицата со попреченост.
Претставниците од нашето училиште го истакнаа проблемот за пристапноста во
нашето училиште.




No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.