Во рамките на програмата за одбележување на патрониот празник на ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес, училиштето организираше предавање на тема „Начин на работа на био-гасна електрана“. Нашето училиште беше вклучено на ова предавање со ученици од IXодд и наставничката по физика Христина Цилакова.
Предавањето на оваа тема го реализираше проект - менаџерот на биогасната електрана „БИО ЕНТЕРПРАЈЗ“ во с.Сарамзалино, г-динот Арти Ќормемети. На предавањето учениците се запознаа со принципот за работа на биогасната електрана, која има голема улога за зачувување на околината, затоа што користи органски отпад од кој добиваме електрична струја и топлина.



No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.