Работилница во рамки на проектот „Центар за социјална инклузија - TOGETHER“

Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес во соработка со Здружение на пензионери на Град Велес, заеднички го реализираат проектот „Центар за социјална инклузија - TOGETHER“ наменет за стари лица и лица со попреченост, поддржан од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) на UNDP MK и Општина Велес.
Во рамки на проектот ќе се реализираат 10 ликовни работилници. Во текот на оваа недела беше реализирана работилница во соработка со учениците од Клубот на волонтери од ООУ „Св. Кирил и Методиј" од Велес. На работилницата свое учество зема наставникот Илчо Стојановски.
На работилницата присуствуваа над 30 лица претставници на двете здруженија и училиштето. Се направи интересен спој на старите лица, лицата со попреченост и учениците од основно образование.
Имавме прекрасна дружба која со нетрпение чекаме да се повтори. Упатуваме отворена покана до сите кои сакате да ни се придружите!







No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.