До вас, за вас!

Денес, во Младинскиот парк под мотото „До вас, за вас“, а во организација на Бирото за јавна безбедност, беа организирани едукативни интерактивни активности за превенција на криминал и грижа за заедницата.

Караванот го посетија дел од учениците од седмо, осмо и деветто одделение, тие имаа несекојдневна можност да се запознаат со работата на полицијата, нејзината опрема и техника, а имаа и директна комуникација со припадниците на МВР, за момент и тие беа дел од работата и начинот на фунционирање на подрачното одделение на Министерството за внатрешни работи - Велес.

Воедно, водени од идејата за безбедност и ферплеј и во спортот, тимови на ученици од шесто до деветто одделение учествуваа во организираните спортски натпревари во кошарка и фудбал, а под менторство на наставниците по физичко и здравствено образование.

Безбедноста и грижата за децата се наша заедничка цел и во иднина!

 








No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.