Францускиот регион Алзас, пред нашите ученици

Претставници од Алзас, регион во источна Франција, Жак Шлеф и Албер Вебер, долгогодишни пријатели на нашиот град, поддржувачи на франкофонијата, денес беа гости во нашето училиште. На часовите по француски јазик, учениците имаа несекојдневна можност да слушнат за културно историските убавини и знаменитостите што го прават овој регион особено убав, богат и живописен. Тие нѐ поканија на Божиќен пазар во Стразбур, а ние им кажавме дека вратите на нашето училиште секогаш се ширум отворени за нив!







No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.