Пласман на Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада!

При крај на јуни,  Македонија е домаќин на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада ЈБМО 2025.

Со гордост и задоволство ве информираме дека нашата ученичка Ана Митровска покрај постигнатиот успех на национално ниво со освојувањето сребрен медал на Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО), успеа да се пласира во тимот кој ќе ја претставува Македонија на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада 2025 (ЈБМО).

Овој успех е резултат на нејзината посветеност и љубов кон математиката како и големата поддршка од менторот Вера Цветкова.

Честитки и посакуваме успех и среќа на ЈБМО 2025!



No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.