Европски денови на културното наследство

Во рамките на Европските денови на културното наследство, во организација на ЛУ Народен музеј - Велес, беше одржана едукативно-креативна работилница со наслов:

 „Звуците на глината во прегратките на куќата“

Настанот се одржа во спомен-куќата на Кочо Рацин и се состоеше од два дела:

- презентација за археологијата

- интерактивна работилница со изработка на садови од глиномол и реставрација на керамички садови

Во работилницата учествуваа ученици од сите основни училишта во градот, кои имаа можност да научат како се негува и заштитува нашата традиција и култура.

На оваа работилница учествуваа нашите млади уметници од VIIб одделение, Ведрана Тодоровска и Ева Перкова под менторство на наставникот Илчо Стојановски.







No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.