Изработка на мурал

Новото детско катче изградено во близина на железничката станица денес, 29.10.2025 година, беше ставено во функција. Детското игралиште го носи името „Зоки Поки“ во чест на прерано починатиот Зоран Љутков, еден од сопствениците на компанијата Пододекор, која е донатор на игралиштето. Нашите ученици Марија Анастасова, Зепа Нурчевска, Тамара Николова, Ана Ивева и Трајче Трајковски, под менторство на наставникот Илчо Стојановски беа дел од учениците кои го насликаа преубавиот мурал што го разубавува ова детско игралиште.





No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.