Денес 2.12.2025 год. во нашето училиште се одржа работилница на тема „Јас и ти сме различни, но заедно посилни“. Во работилницата земаа учество ученици од 6 и 7 одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Велес и ООУ „Рајко Жинзифов“ - г. Оризари, Велес. Работилницата беше насочена кон поттикнување меѓуетничка интеграција, меѓусебно разбирање и тимска соработка.
Работилница го потврди значењето на различностите во една заедница. Преку активностите кои ги реализиравме, учениците имаа можност да ги согледаат своите особености, но и точките каде се поврзуваат со другите. Кога секој ќе го внесе својот дел - својата приказна, јазик, карактер и талент - групата функционира поуспешно, покреативно и похармонично. Оваа работилница беше потсетник дека различностите не нè разделуваат, туку нè надополнуваат.
Работилницата ја организираа:
Христина Цилакова - одговорен наставникИскра Крстева - педагогМирјана Стојанова - одделенски наставникИрена Андреева - предметен наставникПанче Бочваров - одделенски наставник
Благодарност на колегите Илчо Стојановски - предметен наставник и Мимоза Тодоровска - предметен наставник за нивната посветеност, идеи и активен придонес во реализацијата на работилницата. Нивната поддршка и соработка овозможија успешна и инспиративна средба за сите учесници.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.