Vive la francophonie!

На националниот франкофонски спектакл, кој традиционално се одржува под мотото „Франкофонијата ја истражува Македонија", нашите ученици, под менторство на наставничката по француски јазик имаа брилијантен настап.

На симпатичен и ведар начин, прекрасно претставија неколку франкофонски земји, а публиката ги поздрави со искрени аплаузи.

Горди сме на нашите ученици, достојни претставници на нашето училиште и на франкофонијата!







No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.