На 22 април го одбележавме Денот на планетата Земја. По тој повод, учениците од 1-5 одделение при ПУ с. Црквино, заедно со своите одделенски раководителки и наставничката по англиски јазик, реализираа низа активности со цел подигнување на свеста за зачувување на животната средина.
Преку разговори,
едукативни содржини и креативни активности, учениците ја истакнаа важноста од
грижата за природата, чистата околина и одговорното однесување кон планетата
Земја.
Со заеднички труд и
ентузијазам, испративме порака дека секој од нас може да придонесе за почиста и
поздрава животна средина.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.