ЕКО акција

OОУ„Св.Кирил Методиј“ започна со реализација на активностите од екопроектот „Чиста и здрава средина - светол пат кон иднината“.

По спроведената анализа на состојбата на животната средина, сите наставници и ученици од еко-одборот активно учествуваа и работеа тимски на изготвувањето на планот со активности, каде што беа одредени:

Цел на проектот: Развивање на свест за зачувување на чиста животна средина.

Намери:

1. Учениците да научат дека ПЕТ пластичната амбалажа не е ѓубре, дека може да се преработи и повторно да се употреби.

2. Учениците да разберат дека со рециклирањето и повторната употреба на хартијата се спасени од сечење многу стебла кои значат живот.

3. Eдукативни и конкретни еколошки активности на терен и подигнање на јавната свест кај населението за заштита на животната средина.

Потоа се пристапи кон одредување на лого и поставување на еко пароли во училиштето, изработивме еко-катче за собирање на стара хартија и поставивме еко-кош во училишниот двор.










.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.