Почеток на Еко акција

На 15.11.2010 (понеделник), свечено започнавме со собирната акција на стара хартија и ПЕТ пластична амбалажа.

Одговорните ученици го мереа и евидентираа собраното количество на хартија на ниво на одделенска заедница, додека учениците одговорни за информирање истовремено ги соопштуваа резултатите преку разглас.

Напоредно во училишниот двор се спроведуваше собирната акција на пластични шишиња. Се забележуваше натпреварувачка атмосфера, во која учениците вредно ја собираа и сортираа пластичната амбалажа. Одговорните ученици ги евидентираа собраните количества на ниво на одделенска заедница, додека сите останати нестрпливо ги очекуваа резултатите кои на наше задоволство беа зачудувачки.

Оваа акција ќе продолжи континуирано секој понеделник во текот на учебната година





















No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.