ЧЕТВРТИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ - Активности на еко-проект на ООУ,,Св,Кирил и Методиј,,

По повод одбележување на 21 март ,,Ден на екологијата,, ООУ,,Св.Кирил и Методиј,,подготви планирање со низа активности кои се реализираа во училиштето и беа во согласност со активностите од еко-проектот.
Сите ученици и пошироко беа известени преку разглас и изготвен плакат кој беше истакнат на влезот и во холот на училиштето. На преднта страна беше поставено пано со насловот на проектот,,Чиста и здрава средина-светол пат кониднината,,





Учениците за овој ден се потрудија да донесат пластични шишиња и стара хартија во знакот на најавената,,Голема собирна акција,,и уште еднаш потврдија дека навистина свеста за заштитата на нивната околина е подигната и тие се грижат за идните генерации.



Еколошката секција подготви предавање на тема,,Екологија,,и истото беше прочитано преку разглас. Учениците од еколошката секција пристапија кон чистење на училишниот двор.






Тие редовно ги наводнуваат растенијата, ги негуваат и ја одржуваат нивната околина чиста, без отпадоци. Почитувајки ги пораките од екокодексот тие свесно преземаат акции за чиста животна средина





За овој ден учениците изработија уште екопораки кои ги поставија на еко-дрвото и ги искажаа своите размислувања за тоа како треба да изгледа нивното училиште и околината во која живеат,и како да делуваме на несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина.



Наставниците организираа работилници на кои изработија трудови од употребена стара хартија, пластика и рециклираната хартија преку кои ја истакнуваат повторната употреба на отпадот и значењето во природата. Тие направија големи збирки од најразлични креации кои ќе бидат изложени на продажната изложба која се планира за Велигденските празници







Младите еколози учествуваа на пошумување во блиската околина,,Костурница,, и изработија транспаренти за денот на акцијата. Тие покажаа дека навистина се вредни и сакаат да ја разеленат својата околина и да придонесат во акцијата ,,За почист Велес,, Оваа група на ученици веќе станаа и членови на еколошкото друштво,,Вила Зора,,



И во одделенска настава најмалите стекнуваа навики како да ја собираат и повторно да ја употребат старата хартија.Доказ се изработките од рециклирана хартија.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.