Теататрска претстава и промоција на еко химна

На ден 15.04.2011год. според планот за активности во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, се реализираше еко-театарска престава со музички колаж. На преставата беа поканети преставници од локалната заедница, бирото за развој, членови на еко одбор, родители, наставници и др.
На почетокот Директорката Стефанка Ценева ги поздрави присутните и им соопшти дека оваа престава е во склоп на активностите на еко проектот –,,Како да се стане еко училиште,, и дека за прв пат хорот промотивно ќе ја испее еко химната на училиштето.





Текстот на еко химната со наслов,,Екотема,,го напиша ученичката од VII б одд Андреа Арсова а музиката е на Анѓа Брашнарска- наставник по музичко образование. Химната ја испеа хорот на училиштето во придружба на клавир.




Потоа учениците од драмската секција ја искажаа својата креативност.Старата хартија, пластиката и корпата прозбореа и ги искажаа своите маки за кои веруваме дека слушнаа посетителите и во нив се побуди размислување за опасноста од загадувањето и грижата за состојбата со отпадот во околината.



Учениците претворени во пеперутки, штурче, пчели и друго испратија пораки за здрава и чиста средина во која сакаат да живеат.



Преставата беше придружена со песни и игри од најмалите ученици кои облечени во цветови и буба мари со своите ритмички игри ја направија атмосферата навистина да биде прекрасна.



Преставата имаше јасна цел, од учениците научивме многу за екологијата, за отпадот, селектирањето и рециклирањето на хартијата,тие со своите изработки ни укажаа дека старата хартија можеме да ја селектираме и повторно да ја употребиме за најразлични продукти како што се овие и истите можеме да ги подариме .
Театарската престава беше прикажана посебно за учениците од двете смени и другите училишта како и за пошироката јавност.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.