ПРОЕКТ „СОЖИВОТ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ“

Започнавме проект кој е многу важен за едукацијата на учениците во нашето училиште. Започнавме проект во кој учениците истражуваа не само за македонската традиција и култура туку и за албанската, турската, бошњачката, француската и англиската традиција и култура. Преку читање најразлични книги, пребарување на интернет, вршеа интервјуа на лица од различни националности дојдоа до многу сознанија за различните култури и традиции. Ги истражуваа традиционалните кујни, научија како се прави баклава, пита пастрмајлија, мантии, тавче гравче и многу други специјалитети. Во проектот учество земаа литературната, драмската, ликовната секција како и англиската и француската секција.
Финални производи од овој проект се организираниот квиз натпревар, драматизацијата изведена од страна на членовите на драмската секција, песна снимена на различни јазици, цртежи изработени од ликовната секција и многу видео записи од истражувањата за традиционалните кујни и носии.
На крајот од истражувањата заклучивме едно нешто. Заклучивме дека иако сме од различни националности, имаме различни традиции, празници и верувања сепак ние сме деца, играме заедно, споделуваме тајни, се смееме и не е важно дали е некој македонец, албанец или турчин ние имаме едно нешто заедничко а тоа е најубавите години во животот со најдобрите другари на светот без разлика кој националност се, другари кои ќе ги паметиме до крајот на животот.


No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.