НАЈДОБРА ПРОМОЦИЈА ОД НАШИТЕ АМБАСАДОРИ - НАГРАДА И ТОА СВЕТСКА ЗА МЛАДИТЕ ПОЕТИ ОД ООУ„СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ВЕЛЕС


На потскиот конкурс за деветиот светски поетски натпревар „замокот на дуино“ во република Италија  за стихозбирката „Иднината... Едно место во светот“  нашите ученици  се наградени со прва награда.
Поезијата ги премостува далечините, ги надлетува височините, ги поврзува меридијаните, но овојпат поезијата го афирмираше рациновиот Велес, ја афримираше Македонија. Светот уште еднаш преку силната порака на младите литерати го слушна македонското име, ја почувствува големината и силата на моќната поетска реч испеана на македонски јазик.
Тимот од четиринаесет ученици, млади поети: Сања Мирчева, Сандра Танчева, Трајче Андреев, Арнела Селмани, Цветанка Ацева, Симона Аврамовска, Саше Петров, Иво Мирчев, Елена Тодорова, Јованче Андовски, Лора Анѓелова, Меги Стевковска, Олгица Ончева и Наталија Стевковска, под водство на директорката на училиштето Анита Мирчева и под менторство на наставничките: Десанка Николова, Павлина Харалампиева, Невенка Пасламушкова и Марија Арсовска, изработија проект – стихозбирка насловена како „Иднината...едно место во светот“.
Наградата на наградените ќе им биде врачена на посебна свечена церемонија во замокот на Дуино во Италија, каде што нашите поети ќе бидат почесни гости, а престојот им е обезбеден од организаторот на светскиот поетски фестивал.
Ова е голем настан не само за училиштето, туку и за Велес и за Македонија.

НАГРАДА ЗА НАЈУБАВО УКРАСЕНА НОВОГОДИШНА ТЕРАСА


Нашето училиште оваа година од страна на Општината беше наградено со награда за најубаво украсена новогодишна тераса.
По повод новогодишните празници од страна на Општина Велес беше распишан конкурс за најдобра новогодишна илуминација.
Во категоријата најдобро уредена тераса нашето училиште наградено со парична награда во висина од 9000 денари.
Наградата ни беше врачена на свечената седници на Општина Велес, а со средствата од наградата се збогати книжниот фонд во училишната библиотека.

МЕЃУНАРОДНА ПОЕТСКА НАГРАДА ЗА НАШИТЕ ПОЕТИ ВО НОВИ САД


На петтиот меѓународен поетски фестивал „Станислав Прпек“ во Нови Сад, Р.Србија нашите ученици Сања Мирчева и Трајче Андреев, под менторство на наставничката по македонски јазик Десанка Николова го освоија првото и второто место во категоријата поезија за основно училиште.
Со песните за Македонија тие ги освоија симпатиите на жири комисијата и се здобија со највисоки пофалби и признанија на поетскиот фестивал.

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИОТ МИКРОСОФТ ИНОВАТИВЕН ФОРУМ


Нашите ученици од трето одделение под ментроство на наставникот Петре Костов беа дел од победничкиот тим на Меѓународниот иновативен форум на Микрософт.
Неуморниот наставник со свои анимации се вклучи во тимот кој што ја претставуваше Македонија на Светскиот Форум. За залагањата, придонесот и големиот успех учениицте заедно со нивниот ментор Петре Костов и директорката Анита Мирчева се здобија со посебни сертификати за придонес во победничката анимација.

НАТПРЕВАРОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЕКСПОНАТИ ОД ОТПАДЕН МАТЕРИЈАЛ „ПАКОМАК“ ПРЕДИЗВИК ЗА НАШИТЕ НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ


Тим од нашето училиште предводени од наставничките: Сузана Павловска, Снежана Бошевска, Илчо Стојановски и  Десанка Николова, со голема помош од: Дејан Перков и Панче Бочваров и со поддршка од директорката Анита Мирчева изработија експонати од отпаден материјал. Експонатите беа изложени на натпреварот на „Пакомак“.
Ова се само дел од прекрасните изработки на нашите ученици.


ПРИРЕДБА НА СЕКЦИЈАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ПО ПОВОД ДЕНОТ НА БЛАГОДАРНОСТА


Соживотот и почитувањето на различностите се дел од нас. Тоа го докажаа и членовите на англиската секција под менторство на наставничките: Ирена Андреева, Павлина Харалампиева, Марија Арсовска и Марија Славевска. По повод Денот на благодарноста тие ни подготвија прекрасна пиредба преку која не запознаа со значењето и празнувањето на Денот на благодарноста.
Приредбата беше проследена со голем интерес од страна на учениците и наставниците во училиштето.