НАЈДОБРА ПРОМОЦИЈА ОД НАШИТЕ АМБАСАДОРИ - НАГРАДА И ТОА СВЕТСКА ЗА МЛАДИТЕ ПОЕТИ ОД ООУ„СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ВЕЛЕС


На потскиот конкурс за деветиот светски поетски натпревар „замокот на дуино“ во република Италија  за стихозбирката „Иднината... Едно место во светот“  нашите ученици  се наградени со прва награда.
Поезијата ги премостува далечините, ги надлетува височините, ги поврзува меридијаните, но овојпат поезијата го афирмираше рациновиот Велес, ја афримираше Македонија. Светот уште еднаш преку силната порака на младите литерати го слушна македонското име, ја почувствува големината и силата на моќната поетска реч испеана на македонски јазик.
Тимот од четиринаесет ученици, млади поети: Сања Мирчева, Сандра Танчева, Трајче Андреев, Арнела Селмани, Цветанка Ацева, Симона Аврамовска, Саше Петров, Иво Мирчев, Елена Тодорова, Јованче Андовски, Лора Анѓелова, Меги Стевковска, Олгица Ончева и Наталија Стевковска, под водство на директорката на училиштето Анита Мирчева и под менторство на наставничките: Десанка Николова, Павлина Харалампиева, Невенка Пасламушкова и Марија Арсовска, изработија проект – стихозбирка насловена како „Иднината...едно место во светот“.
Наградата на наградените ќе им биде врачена на посебна свечена церемонија во замокот на Дуино во Италија, каде што нашите поети ќе бидат почесни гости, а престојот им е обезбеден од организаторот на светскиот поетски фестивал.
Ова е голем настан не само за училиштето, туку и за Велес и за Македонија.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.