ПОВТОРНО „НИЕ ЗА НАШАТА ТАМАРА“

Драги сограѓани! Ве покануваме да ја покажете Вашата хуманост и заедно да и помогнеме на нашата Тамара.
Учениците и наставниците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Велес во соработка со родителите на учениците, организира осмомартовска хуманитарна забава и продажна изложба на „слатки нешта“ и рачно изработен накит, направени од вредните раце на учениците, родителите и наставниците. Настанот ке започне на 6 -ти март во 16 часот пред дискотеката Club Down Town со продажни штандови, а потоа од 18 до 22 часот продолжува со модна ревија на нашите ученици и забава, која ќе ни ја овозможи најдобриот вокал во Македонија, Балканот, и пошироко Перо Пандиловски!

Цената на влезницата за Вас е симболична, само 20 ден, а за родителите на малата Тамара безценета! Дојдете, бидете хумани, дојдете помогнете, дојдете да се забавуваме!


No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.