Детска недела

По повод „Детската недела“ која секоја година традиционално се одбележува во првата недела од месец Октомври во нашето училиште беа изведени повеќе активности за одбележување на истата.  

     1. Во чест на најмалите првачиња и нивниот прием во детската организација во нашето училиште гостуваше детскиот театар „Крик“ со претставата „Црниот лебед“. Учениците уживаа во прекрасната изведба на нивните омилени актери, а тие си заминаа воодушевени од прекрасната детска публика и нивниот искрен аплауз !!! 

      2. Во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ по повод „Детската недела“, успешно беа одржани „Игри без граници“ во организација на Агенција за млади и спорт и нашето училиште.Нашите колеги наставници кои беа одговорни организираа интересни спортски игри и уште еднаш докажаа дека се успешни.Им честитаме на оние кои освоија награди !!!  
     
      3. Учениците од прво одделение ја одбележаа „Детската недела“ на тој начин што цртаа цртежи во училишниот двор на тема „Сите растеме заедно“.Тие со своите интересни и уникатни цртежи  кои ги нацртаа во училишниот двор уште еднаш ја разубавија нашата училишна средина. Нивната креативност и радост беа огромни.   

      4. Во училиштето беше организирана хуманитарна собирна акција на училишен прибор за кој учениците сметаа дека повеќе не им е потребен. Истиот потоа беше поделен на оние ученици за кои сметавме дека им е најмногу потребен и со тоа ги направивме среќни и задоволни. Учениците од „ООУ Св.Кирил и Методиј“ уште еднаш покажаа колку многу се хумани, а доказ за тоа беше разновидниот училишен прибор кој беше собран.Освен прибор нашите ученици донираа и училишни ранци, тетратки и др.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.