„Ние за нашиот Стојанче“

ООУ„Св.Кирил и Методиј“ во периодот од 14.10.2013-18.10.2013 год.организираше хуманитарна акција „Ние за нашиот Стојанче“со цел да му помогне на ученикот Стојанче Димовски, да се врати на училиште кај своите другарчиња.Стојанче има 11 год. и боледува од церебрална парализа.За да може самостојно да се движи потребно е негово лекување во  Zhongfang Red Cross -Интернационална болница во Кина. Лекувањето вклучува хербална медицина за орален третман, масажа и акупунктура. Лекувањето трае три месеци и треба да започне во Декември, 2013 година. Оваа хуманитарна акција беше организирана со цел да му помогнеме на нашето другарче  Стојанче и на неговите родители да соберат парични средства за неговото лекување.    
Хуманитарната акција „Ние за нашиот Стојанче“ беше составена од повеќе активности:
-Учениците заедно со своите наставници кои ја организираа оваа акција и со помош на „Црвениот крст“ собираа доброволна парична донација, а хуманитарната касичка ја пуштија и по другите средни и основни училишта во градот.
-Во средата на  16.10.2013 ОД 15 - 17 Ч на плочникот на некогашниот хотел „Интернационал“ беше изведена хуманитарна продажна акција на храна која ја донираа учениците од нашето училиште. Голема благодарност до вредните мајки и баби кои подготвија разновидни и вкусни колачи, торти, погачи и кифлички.Акцијата беше успешна и беше продадено целото количество на храна.  
-Хуманиратната акција „Ние за нашиот Стојанче“ успешно заврши со хуманитарната забава на 17.10.2013 год. во Club NOCTURNO PRIVATE PARTY PLACE  заедно со String Art  и нашата порнешна ученичка Ива . Влезниците за забавата чинеа само 30 ден.и овие парични средства ќе бидат дел од донацијата за Стојанче. 

Ние како училиште се потудивме колку што можеме да му помогнеме на Стојанче.Тој е прекрасно дете и го заслужува сето ова, затоа му посакуваме колку што може побрзо да замине и да го започне своето лекување, а ние му посакуваме среќа и го очекуваме повторно меѓу нас.Стојанче те сакаат учениците од ООУ„Св.Кирил и Методиј“.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.