„За среќно детство на нашата Викторија“

Училиштето „Св.Кирил и Методиј“ организираше хуманитарна акција под мотото „За среќно детство на нашата Викторија“ со цел да и помогнеме на нашата драга ученичка Викторија Андовска што побргу да оздраве и да има среќно детство. Хуманитарната акција се одвиваше во неколку дела.Во првиот дел се одржа хуманитарна забава во клубот „Импакт“ на која земаа учество голем дел од учениците и сите наставници од училиштето.
Во хуманитарната касичка секој можеше да донира свои средства кои ќе помогнат за лекувањето на Викторија.

Исто така во нашето училиште како дел од оваа хуманитарна акција беше организирана и голема хуманитарна манифестација на која земаа учество повеќе ученици од нашето училиште како и голем број на родители и наставници.На оваа хуманитарна манифестација другарчињата на Вукторија играа, пееја, глумеа и со своите вредни рачиња изработија уникатни украси се со цел да и помогнат на својата другарка што побрзо да оздраве. Сите ученици, наставници и вработени и посакаа на Викторија побрзо да оздраве и  да се врати во училишните клупи.






No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.