Зелено знаме по втор пат

Училиштето „Св.Кирил и Методиј“ со гордост може да се пофали дека е едно од најдобрите еко училишта во градот затоа што по втар пат ја доби највисоката награда од областа на екологијата. Нашето училиште се закити со уште едно зелено знаме кое им беше доделено на координаторите на проектот, на чело со директорката Анита Мирчева, на одржаниот ЕКО САМИТ 2014 во ООУ „Лазо Ангеловски“-Скопје. Како училиште кое ги негува еколошките навики горди сме на фактот дека сме единственото училиште во градот кое успеа да го има и да го задржи зеленото знаме во континуитет од четири години. Успехот е на големо задоволство на сите наставници, вработени и ученици и поттикнати од него продолжуваме и понатаму да ги негуваме еколошките навики!




No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.