Награди на третиот меѓународен фестивал на поезија и кратки раскази за млади „Павле Поповиќ“

Учениците од нашето училиште неуморно продолжуваат да ги нижат своите награди.
Деновиве се закитивме со уште две меѓународни награди на Третиот меѓународен фестивал на поезија и кратки раскази за млади „Павле Поповиќ“. Нашите ученици Иво Мирчев и Георги Тумбов беа наградени во категоријата поезија и тоа Иво Мирчев втора, а Георги Тумбов трета награда. Честитки за наградените ученици како и за менторките, наставничките по македонски јазик, Менче Андреева и Маја Јовановска, им посакуваме многу успех во иднина!

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.