Еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието“

Ученици од пет основни училишта од Неготино, Велес, Ресен, Дебар и Скопје, придружувани од нивните наставници, учествуваа на еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието”, кој неодамна се одржа во Едукативниот центар на Парламентарниот институт. Нашето училиште „Св. Кирил и Методиј“ беше единственото училиште од нашиот град кое учествуваше на овој семинар.
Учениците прво имаа можност преку организирана обиколка да го разгледаат свечениот дел на Собранието, а потоа, низ видео проекции, работилници и интерактивни презентации ги утврдија и проширија своите знаења за демократијата, парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија.
На присутните ученици и наставници им беше доделен сертфикат за учество на семинарот, од страна на раководителот на Парламентарниот институт, м-р Златко Атанасов.




Еко училиште

Општина Велес им додели признанија и пофалници на училиштата кои собраа најголема количина отпад за рециклирање, како и елетронски отпад.
По третпат нашето училиште е прогласено за најдобро еко училиште.
Честитки до сите ученици, наставници и родители, членови на еко патроли и еко одборотпосебно до одговорните наставнички Емилија Темелковска и Ирена Андреева.
Акцијата за собирање на пластична амбалажа и стара хартија се одвива континуирано веќе шеста година во нашето училиште, и тоа доста успешно благодарение на учениците. Нивното редовно и уредно носење на пластична амбалажа и стара хартијасекој понеделник резултира соодлични резултати.Пластичната амбалажа и стара хартија ја предаваме во центрите за собирање пластичен отпад и стара хартија. До сега собрани севкупно 10188 пластични шишиња и 573,63кг. стара хартија.
Да продолжиме и понатаму со негување на еколошките навики, да ја штедиме енергијата и водата, да се грижиме за хигиената во училиштето и да потврдиме зошто сме еко-училиште за пример во нашиот град.





Новогодишни мечти

По повод роденденот на Рацин, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес организираше поетски караван во сите основни ушилишта во нашиот град. Писателите го посетија и нашето училиште, ја промовираа книгата „Новогодишни мечти“ и им ги поделија наградите на учениците кои напишаа најубави творби. Од нашето училиште наградени беа со втора награда учениците Анастасија Ѓошева под менторство на наставничката Костадинка М.Стојановска и Ева Стојанова под менторство на Маја Јовановска, а исто и ученичката Николина Ѓошевска под менторство на наставничката Мирјана Гулевска беше наградена со трета награда. Им посакуваме така да продолжат и во иднина.




Литературени и ликовни конкурси

По повод Денот на училиштето, ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес распиша литературен и ликовен конкурс на тема „Верувај во себе и радувај се на туѓата среќа“. Наградени ученици од нашето училиште за литературниот конкурс се: Николина Ѓошевска, под менторство на наставничката Мирјана Гулевска, Марина Стојанова, Меланија Стојанова и Вероника Саздовска, под менторство на наставничката Маја Јовановска. Наградени ученици за ликовниот конкурс се Филип Збутаков, под менторство на наставничката Костадинка Стојановска и Јана Крајчева, под менторство на наставникот Илчо Стојановски.Исто така по повод Денот на училиштето „Блаже Конески“ од Велес беше распишан литературен конкурс на тема „Македонска песна“ на кој земаа учество и нашите ученици, а третата награда ја освои ученикот Михаил Павлов под менторство на наставничката Маја Јовановска.Честитки за наградените ученици и нивните ментори и им поскакуваме уште поголеми успеси!