„Innovate Your Dreams 2019“


Во периодот меѓу 14 јануари и 11 март 2019 година, нашето училиште беше вклучено во меѓународниот STEM проект „Innovate Your Dreams 2019“ заедно со повеќе од 2000 училишта од 55 земји во светот.
Целта на проектот беше да им помогне на учениците да ги разберат и да се подготват за работните места во иднина. Истиот е базиран на популарно истражување кое заклучува дека "65% од децата кои денес започнуваат да учат во основно училиште, ќе се вработат на  потполно нови типови на работни места кои сеуште не постојат".
Проектот вклучува 3 од 17-те Одржливи развојни цели на Обединетите нации опишани во Агендата за одржлив развој за 2030 година - Квалитетно образование, Достапна и чиста енергија, и Индустрија, иновации и инфраструктура.




„Како иновативните наставници го трансформираат образованието во Македонија“


На 27-ми март 2019 година, Родне Петрушева - наставник по информатика во нашето училиште, учествуваше на работилница „Како иновативните наставници го трансформираат образованието во Македонија“ организирана од страна на Microsoft Образование.
За време на работилницата, наставниците кои се дел од Microsoft Innovative Education Experts Community ги претставија придобивките од користење на Office 365, OneNote, Stream, Flipgrid, Forms, Skype, Minecraft и останати производи на Microsoft кои ја развиваат наставата и учењето.

Фотографија на Slavica Karbeva.

Фотографија на Slavica Karbeva.

„Денови на пролетта - Денови на екологијата“


По повод одбележувањето на Денот на пролетта, а согласно насоките дадени од страна на Општина Велес, во нашето училиште се одржаа пригодни активности. Учениците екологисти, се погрижија за разубавување на училишниот двор, па беше засадено цвеќе со што се разубави просторот во задниот училишен двор, станувајќи уште попријатно катче за одмор на учениците, вработените и наставниците.


Општински натпревар по англиски јазик


На ден 23.3.2019 година, во просториите на ООУ „Васил Главинов“ Велес, се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик, каде учествуваа и учениците од нашето училиште, заедно со нивните ментори. На овој натпревар, учениците Андреј Андреев, Марија Кочовска (ментор Ирена Андреева) и Викторија Панзова (ментор Павлина Харалампиева), постигнаа одлични резултати и обезбедија учество на регионалниот натпревар.
Честитки за учениците и нивните ментори! 


Литературен конкурс


По повод Денот на училиштето, ООУ „Васил Главинов“ Велес, распиша ликовен и   литературен конкурс на тема „Наједноставните животни задоволства се најголемите радости“ на кој учествуваа  и нашите ученици. На ден 22.3.2019 година, во Спомен куќата на Васил Главинов, беа доделени следниве дипломи:
- Македонски јазик
прво место, Матеја Андреева петто одделение, ментор Снежана Бошевска
второ место, Симона Пасламушкова седмо одделение, ментор Маја Јовановска
- Англиски јазик
прво место, Марија Зафирова деветто одделение, ментор: Ирена Андреева
трето место, Марија Бошевска шесто одделение, ментор: Павлина Харалампиева
- Француски јазик
 второ место, Марија Зафирова деветто одделение,  ментор: Марија Мешкова
Честитки за сите ученици и нивните ментори!



Светски ден на лица со Даунов синдром


По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, на ден 21.3.2019 година, во просториите на нашето училиште, учениците од четврто одделение, заедно со нивните наставници, имаа можност да се запознаат со учениците од ПОУ „Маца Овчарова“ Велес. Нашите ученици имаа можност да другаруваат со децата со Даунов синдром, да уживаат во заедничките игри и активности, пишувањето пораки, со презентација да се запознаат подобро со синдромот и по сето тоа да ги испратат новите другарчиња со срца полни љубов.



Регионален натпревар по природни и технички науки


I место - Биологија
Вероника Ристова IXб - ментор: Павлина Карова
I место - Географија
Виктор Гаџов IXв - ментор: Оливера Пановска
I место - Математика
Матеј Стојанов VIIб -ментор: Верица Цветкова
I место - Хемија
Моника Алтиева IXб - ментор: Емилија Темелковска
I место - Роботика
Петар Костов IXб - ментор: Соња Ристова
I место - Конструкторство
Кристијан Мартулков VIIIа - ментор: Соња Ристова
I место - Електроника
Јордан Бабунски VIIIа - ментор: Соња Ристова
I место - Информатика
Ангела Петрушева VII
б - ментор: Родне Петрушева
II место - Градежништво и архиктетура
Анастасија Ѓошева VIIв - ментор: Соња Ристова
II место - Бродомоделарство
Лука Марковски VIб - ментор: Соња Ристова
II место - Воздухопловно моделарство
Магдалена Бобевска VIiв - ментор: Соња Ристова
II место - Ракетно моделарство
Филип Збутаков VIIв - ментор: Соња Ристова
II место - Сообраќајна техника
Јордан Трендафилов VIIIа - ментор: Соња Ристова
Пофалница - Фототехника
Христијан Анастасов VIIв - ментор: Соња Ристова
Учениците што освоија прво место на натпреварот продолжуваат со учество на натпревар на државно ниво на 6.4. 2019 год. во Македонска Каменица.
Им посакуваме многу успех и освојување на нови награди и признанија.




ЕКО проект


Во рамките на ЕКО проектот во нашето училиште и постојаното подигнување на еколошката свест кај нашите ученици, на 14.3.2019 година, во нашето училиште се реализираа два еко квиза, „Заштеда на енергијата со учениците од второ одделение и нивните наставници и Зачувување на водата со учениците од четврто одделение и нивните наставници. Преку овие квизови, учениците научија како да бидат совесни и да ги заштедат енергијата и водата и кои се придобивките од сето тоа.






Крводарителска акција


На ден 14.3.2019 година, Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Велес, традиционално ги додели наградите за најуспешните поединци и организации на полето на крводарителството од претходната 2018 година.
Наградата за најдобра образовна институција ја доби нашето училиште, награда на која особено сме горди, затоа што хуманоста како доблест е се повеќе присутна во нашето училиште. Истиот ден, во просториите на нашето училиште се одржа хуманитарна акција за дарување на крв и истата се покажа како многу успешна, бидејќи беа собрани голем број на крвни единици кои понатаму ќе спасат нечиј драгоцен живот. Честитки за сите оние крводарители што даруваа од нивната скапоцена течност!



Детска емисија „Ѕвон“


На ден 11.3.2019 год., учениците од нашето училиште успешно се претставија во популарната едукативно забавна емисија „Ѕвон“, која се емитува на Македонската телевизија. Учениците од нашето училиште, се претставија во полн сјај и на најдобар можен начин ги покажаа своите знаења, умеења, вештини, таленти, постигнувања и успеси кои ги постигнуваат заедно со своите наставници.
На преполната сцена, украсена со оригинални детски изработки, ракотворби, дипломи и признанија, за почеток учениците членови на училишниот оркестар прекрасно ја изведоа химната на градот Велес, воведувајќи не во телевизиската приказна наречена ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес на Ѕвон, за потоа, да ја проследиме личната карта на училиштето како и интересни, креативни, оригинални работилници со нашите ученици. Беа изведени експерименти, математички вештини, честитки, се ткаеше на разбој, се резбаше, се твореше... Гордо го претставивме проектот по информатика, се пофаливме со бројните дипломи и медали, бевме одлични соговорници на водителите на различни теми. На сцената блеснаа малите актери, одлично костимирани, слободно, јасно, чисто, детски, како и што завршивме, со весела, разиграна ритмичка кореографија на песна на наша ученичка.
Горди сме на нашите ученици, уште еднаш покажавме дека заедно можеме многу!





Литературен конкурс


По повод 8 Март-Денот на жената, од страна на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес и Здружение на пензионери на град Велес, беше распишан литературен конкурс на кој учествуваат сите општински училишта. Учество земаа и нашите ученици и се стекнаа следниве награди:
-Ангела Богдановска III а одд. (прва награда), ментор Костадинка М. Стојановска и Анастасија Ѓошева VII в одд. (трета награда), ментор Маја Јовановска.
Честитки за учениците и нивните ментори!




Во пресрет на 8 Март


На ден 6.3.2019 година во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес по повод празникот на жената - 8 Март се одржа перформанс под наслов „Во пресрет на 8 Март“ на кој учествуваа голем број ученици. Пред многубројната публика учениците се претставија со музички изведби на познати композиции, вокална изведба и читање на литературни лични творби посветени на мајката. По завршувањето на уметничкиот дел, учениците на присутните мајки им подарија рачно направени  цветови од хартија, од страна на вредните раце на нашите ученици.



Природно-математички настан


На ден 6.3.2019 година, во нашето училиште се одржаа квиз натпревар од областа на природно-математичката група на предмети и работилница по математика "Математички мозаик". На нашиот настан учествуваа основните училишта од град Велес, ООУ"Блаже Конески", ООУ"Васил Главинов", ООУ"Ј.Х.К. Џинот", ООУ"Благој Кирков" и ООУ"Стојан Бурчевски Буридан". Освен што учениците ги покажаа своите знаења, тие се запознаа, другаруваа и забавуваа.
Истовремено се изложија пристигнатите творби од распишаниот конкурс по математика "Танграм - математика низ игра", и најдобрите беа наградени.
Голема благодарност до сите, посебно до нашите гости од другите училишта кои одвоија од своето време за да бидат дел од нашиот настан.






Литературен конкурс


По повод Денот на училиштето, ООУ „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ Велес, распиша литературен конкурс на кој твореа поетски и прозни творби и нашите ученици. На ден 5. 3. 2019 година, во просториите на училиштето беа доделени следниве дипломи:
- Англиски јазик
Марија Зафирова IX a одд. - I награда, ментор: Ирена Андреева
Марија Бошевска VI б одд. - I награда, ментор: Павлина Харалампиева
- Француски јазик
Марија Зафирова - II награда, ментор: Марија Мешкова
Честитки за сите ученици и нивните ментори!


Општински натпревар по математика


Во просториите на ООУ„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ Велес, на ден 2.3.2019 година, се одржа општинскиот натпревар по математика, на кој успешно се претставија на нашите ученици. Нашите математичари ги постигнаа следниве резултати:
Матеј Стојанов VII одд.- прва награда со 100 поени
Марија Кочова VIII одд. - втора награда
Елена Атанасова VI одд.- втора награда
Константин Коцев VI одд.- втора награда
Христијан Арсов IV одд. ( се натпреваруваше за VI одд. ) - трета награда.
Со пофалници се зaкитија учениците:  Ивана Марковска VII одд., Анастасија Ѓошева VII одд., Елена Коцева VI одд., Јосиф Бочваров VI одд.  и Матеја Андреева V одд. 
Честитки за сите ученици и нивните ментори и многу среќа на регионалниот натпревар!