Прием на првачиња

На 1.9.2022 година, за првачињата во нашето училиште беше органзиран свечен прием, на кој присуствуваше Градоначалникот на Општина Велес, гости од општината, многу-бројни родители, баби, дедовци...   

Топло добредојде на новите ученици им посака директорката Маја Јовановска  со желба за добро здравје и лесно усвојување на трајни и применливи знаења. Во својот говор, директорката истакна дека образованието е возбудлива авантура, а на крајот на авантурата учениците ги чекаат два скапоцени подароци: знаење и многубројни пријателства. Постарите другарчиња од петто одделение пред новите ученици одржаа приредба на која  преку песни, ритмички игри и шеговити драматизации успеаја да ги расположат и насмеат учениците и да им посакаат срдечно добредојде. По прозивката од одделенските раководители, првачињата заминаа во своите училници.













No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.