Mладите и правилата на однесување во сообраќајот

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2022, на 19.9.2022 во Младинскиот центар во Велес се одржа едукативна работилница на тема „Пешаци и велосипедисти во сообраќајот“ со цел запознавање на присутните ученици со правилата на однесувaње во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен и неформален начин за темата разговараа со нашите ученици. Учесниците разменија мислења и споделија лични искуства поврзани со темата, но и придонесоа со конструктивни идеи и коментари во врска со подобрувањето на сообраќајните решенија во градот и околината.




No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.