Неделата на информатиката 2024

Во периодот од 5 до 9 февруари 2024 година во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес се реализираа активности во рамки на Неделата на информатиката 2024. Во нив учествуваа ученици од VI, VII и VIII одделение и родители на ученици од V до IX одделение, а истите се реализираа под менторство на наставникот по информатика Родне Петрушева.
Учениците од VI одделение ги покажаа своите вештини од програмирање во Scratch преку активноста „Анимирај го своето име“.
Денот за побезбеден интернет, 06 февруари 2024, го одбележавме преку работилници со ученици и родители. Преку презентацијата на тема „Побезбедно на интернет“ учениците од VII и VIII одделение научија како треба да се однесуваат на интернет и како безбедно да ги користистат социјалните мрежи. На крајот своите знаења ги проверија, но и се натпреваруваа во Kahoot квиз.
Истиот ден се реализираше и работилница за родители, на тема „Да ги заштитиме децата на интернет“. Родителите се запознаа како да им помогнат на своите деца да ги искористат придобивките од интернетот, а да ги избегнат потенцијалните ризици.
Сите активности беа реализирани со големо задоволство од страна на сите учесници.








No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.